Еден од најголемите борци во на фудбалската репрезентација на Македонија, Аријан Адеми повеќе нема да го носи црвено-жолтиот дрес.
Ова во изјавата за ФФМ го потврди селекторот Благоја Милевски.
„Жалам за отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.
Имав разговор со него и пак ќе повторам, ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер.
Тој доби покана за овој собир, за жал нема да можеме да сметаме веќе на него.
Во разговорот кој го имавме категорични ми кажа дека е решен да стави крај на репрезентативната кариера од лични причини“,
изјави селекторот Милевски.
По предлог на селекторот, ФФМ му предложи на Адеми да биде организиран проштален натпревар, а дали тоа ќе биде против Хрватска на гостински терен или на првиот следен во Скопје треба да репи самиот Адеми.