Македонскиот селектор Гоце Седлоски не е изненадува веќе со своите потези. Тој ги одбра стартните единаесетмина за вечерашниот натпревар на Македонија против Шкотска во лигата на нациите
Иако по натпреварот со Словенија не убедуваше, дека тоа е тој тим, барем што се однесува до нападот Седлоски вечерва се реши за очекуваното.
Меѓу почетните единаесетмина се враќа напаѓачот на шкотскиот Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски. Тој ќе има поддршка од Елмас, а меѓу стартерите се враќа и капитенот Барди. Во одбраната повторно стартери се Муслиу и Ерера.

Ваквиот избор на Седлоски конечно ќе вроди со плод, во најмала рака постигнат гол, дај Боже победа, останува да видиме.
Дуелот меѓу Македонија и Шкотска, што си игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне во 20 часот и 45 минути.




































