По подолг период од речиси четири месеци најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе има собир.

Црвено-жолтите во Анталија ќе одиграат два контролни натпревари. Противници во овој УЕФА термин ќе бидат селекциите на Молдавија и Црна Гора.

Секторот Благоја Милевски во изјава за ФФМ вели.

„Секако ни недостасува почест собир со фудбалерите, како би можеле што подобро да се подготвиме за она што ни престои во Лигата на Нациите во септември.

Ме радува што поголемиот дел од репрезентативците се со поголема минутажа во своите клубови.

Но, имаме и такви кои се без минутажа, но засега сите се здрави, што е најважно“.

Што се однесува до противниците Милевски додава.

„Не случајно ги одбравме овие две репрезентации за противници.

Се работи за сериозни противници, неспорно квалитетни. Ќе ни послужат да знаеме во кој правец се движиме и каква ни е моменталната форма, слабости и позитивности.

Императив секогаш постои, да се извлече максимум“.

Милевски за за овие дуели на својот список ќе има 27 или 28 фудбалери. Селекторот најави и ново име во репрезентацијата, но засега не сакаше да го открие.

„Со сигурност можам да кажам дека списокот ќе биде поширок. Ќе има 27 или 28 фудбалери.

Алими поради повреда нема да може да се стави во функција на тимот.

Аријан Адеми, за жал, од лични причини стави крај на репрезентативната кариера“. 

Натпреварите што ќе се играат во Анталија, се закажани за 22-ри и 25-ти март, првиот против Молдавија , а потоа Црна Гора.