Репрезентацијата на Шкотска иако вечерва против Македонија, гостува на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, сепак како да игра на домашен терен.
На дуелот од Лигата на нациите, Шкотите имаат над 3 илјади свои навивачи. Тие се апсолутно погласни и задоволни, бидејќи нивната селекција води со 1:0.
Шкотите тргнаа офанзивно од самиот старт, во третата минута Димитриевски со прекрасна интервенција не дозволи нивно водство. Сепак, Столе беше немоќен во седмата минута да ја сочува својата мрежа, а по ударот на Керион Боуви.






























