Вечерва македонската фудбалска репрезентација ќе го игра третиот натпревар во Лигата на нациите. Во Скопје на арената „Тодор Проевски“ гостува селекцијата на Шкотска. 

Во јавноста, не само за овој туку и претходниот натпревар со Швајцарија, имаше бројни реакции за цените на картите. 

Цените на картите се од 500, 1.000, 1.800, па се до 3.000 денари за „ВИП“ ложата.  

И не зачуди кога на претходниот меч со Швајцарија, стадионот не беше ниту половина полн. Реакциите на јавноста не стивнаа, а од ФФМ премалку се обидоа да ја оправдаат одлуката за цените. 

Меѓу останатото во соопштението на ФФМ се потенцира. 

 

„Од вкупниот капацитет на Националната арена „Тодор Проески“ од околу 32.000 гледачи, дури 13.431 билет е со основна цена од 500 денари, односно со 35% попуст преку Магента, реалната цена за навивачот изнесува 325 денари.

– Ако за некого 325 денари за да ја гледа македонската репрезентација во живо се „прескапи“, тоа е негов личен став.

– Но, никој нема право од сопствената перцепција да креира лажна слика за цената на билетите и со паушални тврдења да ги доведува во заблуда оние кои сакаат да дојдат на стадион. Па макар бил и дел од академската заедница.

– Наместо со извадени бројки и селективно презентирани информации да се создава погрешна слика кај јавноста, очекуваме коректност и почит кон фактите.

– Критика е добредојдена. Прашања се добредојдени. Но, манипулирањето со бројки и пласирањето на непотполни информации не е критика, туку создавање погрешна слика.“

Е кога сме кај доведување на јавноста во заблуда. 

Господа од ФФМ, малку ако размислете ќе ви текнеше дека не сите граѓани се претплатници на Магента. Што со они кои се решиле за другите телеколкуникациски оператори!? 

Зарем на вас не ви се важни навивачите кои се претплатници на : А1, Мтел, Неотел, Телекабе итн…!?

Затоа следниот пат потрудете се да најдете некој друг изговор, овој не ви држи вода воопшто!

Ако Македонија не победи вечерва со Шкотска и продолжите со ваков однос и цели на картите, нема да не зачуди следниот домашен натпревар да го играте пред вака „полни“ трибини ВИДИ ФОТО  👇