Фудбалската репрезентација на македонија вечерва ќе го игра третиот натпревар во лигата на нациите во Скопје наредната „Тодор Проевски“ гостува селекцијата на Шкотска.

Македонските фудбалери се во голгетерска криза. На шесте натпревари предводени од Гоце Седлоски тие се уште немаат постигнато гол. Задачата да се промени ова ќе биде исклучителна тешка во дуелот против квалитетниот противник.

Ова меѓу останатото го потенцира членот на шкотскиот Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски.

„Шкотска е одлична репрезентација, имаат квалитетни играчи и знаеме каде настапуваат. Ние играме дома и мора да покажеме квалитет. Не можеме да се потпреме на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат и резултатите“, порача Миовски.

Шкотите со пораз Швајцарија на домашен терен (0-3), реми во Љубљана (0-0) дојдоа во Скопје.

Денешниот ќе биде петти дуел меѓу овие две репрезентации. Единствената победа оствари во првиот натпревар 2008, во 2012-тата следуваше реми, Шкотите се радуваа т во два наврати 2009 и 2013 година.

Како ќе биде вечерва останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 20.45 часот.

Во истиот термин ќе се игра и вториот натпревар од нашата група во кој лидерот Швајцарија е домаќин на Словенија. 

 

ЛИГА НА НАЦИИ 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА