Ништо ново од фудбалскта репрезентација на Македонија, освен што броиме нов пораз и нов натпревар без постигнат гол. Македонија го претрпе четвртиот пораз во Лигата на нациите, откако на гостувањето во Луцерн, загуби од Швајцарија со 3-0.

Првата вистинска закана кон голот на домаќините ја видовме во 20.минута кога Стојчески биеше со глава, а топката заврши над голот. Швајцарците својата прва голема шанса ја имаа во 29.минута кога обидот на Ридер  нашиот голман Димитриевски одлично го одбрани.

Се играше 36.минута кога Енис Барди одлично го пронајде Димитар Митровски кој биеше високо над швајцарскиот гол.

Во 43.минута Швајцарците поведоа со 1-0. Фабијан Ридер ја искористи грешката на Муслиу и го совлада Димитриевски.

И во вториот дел Швајцарците ја контролираа играта и диктираа темпото. Во 54.минута дефанзивецот Бричги биеше, но уште еднаш Столе Димитриевски одлично одбрани. Сепак, во 73.минута Димитриевски не успеа а го скроти ударот на Јохан Манзамби од над 20 мести, па Швајцарците поведоа со 2-0.

И тука не завршија маките на избраниците на Седлоски. Поклонот кој нашата одбрана му го овозможи на Ден Ндоје фудбалерот на Нотингем Форест, со задоволство го искористи ја затресе мрежата на Димитриевски за конечни 3-0.

Македонија останува последна, без бод, кој нормално не може да се освои ако не се постигне барем еден гол. А, на гол ќе почекаме барем до следниот натпревар со Шкотска на гости на 13 ноември. Циклусот во Лигата на нациите, ќе го затвориме на 16 ноември против Словенија во Скопје.

ЛИГА НА НАЦИИ 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА