Младата репрезентација на Македонија до 19 години е поразена од врсниците од Босна и Херцеговина.
Во првиот од двата контролни натпревар во Скопје, гостите од БиХ славеа победа со 2:0.
Првиот погодок противникот го постигна во 43.минута, по големата грешка на нашиот голман, а стрелец на беше Муамер Хамзиќ.
Во 57-та минути, вежќе бешпе 2-0. По акцијата на Нико Ковач, неговата асистенција ја искористои Давид Чамбер кој го постави конечлниот резултат.
Вториот натпревар овие селекции ќе го одиграат веќе во четврток (11:30 часот), повторно на теренот „Петар Милофески“ крај ФФМ.
Инаку овие дуели се дел од подготовките за оваа генерација која на 18 март ги заполчнува квалификациите во Елитната рунда на квалификации, за настап на Европскиот шампионат.
Нашите млади фудбалери се во групата 7 и за противници ќе ги имаат репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.