Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е последниот осми патник во четвртфиналето на Австралија опен.
Вториот носител на Гренд слемот во Мелбурн немаше проблеми во дуелот со Србинот, Кецмановиќ кого го совлада во три сета (6-4, 6-4 и 6-0).
Алкараз за противник во четвртфиналето ќе го има Александер Зверев.
Германецот пак одигра маратонски меч и по 4 часа и 9 минути го совлада Британецот, Камерон Нори со 3:2. Во последниот сет, победникот беше решен во тај-брејкот кој Зверев го доби до 10-3 на поени.
Последниот четвртфинален пар го комплетираа Данил Медведев и Хуберт Хуркач.
3-носител Русинот, Медведев со 3:1 во сетови го доби Португалецот, Боргес. Деветто рангираниот во Мелбурн Хуберт Хуркач од Полска со 3:0 беше подобар од Французинот, Казо.
Овие четвртфинални дуели ќе се играат во среда наутро, додека утре на програмата се првите два.
Во нив за место во полуфиналето ќе се борат, (1) Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц, односно (4) Јаник Синер и (5) Андреј Рубњев.