Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во германската Бундес лига. Тој е веќе во Германија.

Имено екипите на Барнли и Шалке постигнале договор околу негов „кам-бек“ во Гелзенкирхен.

Како што информираат германските медиуми, станува збор за позајмица до крајот на сезоната. Воедно не е исклучена и можноста Шалке да го откупи договорот и тоа за сума од 3,5 милиони евра.

23-годишниот Чурлинов токму во Шалке ја одигра својата најдобра сезона и беше еден од носителите на играта.

Инаку, Македонецот има активен договор со Барнли до 2026 година, но сезонава екипата не го пријави за настап во Премиер лигата.