На Европското првенство за ракометари во Германија денеска на програмата се дуелите од 3.коло во четвртфиналната група 2 во Хамбург.
Олимпискиот шампион Данска е во „пол позиција“ и уште вечерва би можел да го осигура учеството во полуфиналето. Данците за противник ја имаат Норвешка која само теоретски може меѓу четирите најдобри.
Тоа ќе зависи и од резултатите од претходните натпревари, пред се дуелот меѓу Шведска и Португалија. Бранителот на европската круна Шведска и селекцијата на Португалија се на делба на 2 и 3.место со по четири бода, па евентуалниот победник на овој меч ќе направи исчекор кон ТОП-4.
Теоретски и Словенија би можела да остане во игра за второто место. Но, прво ќе мора да ја совлада Холандија, а потоа да почека резултатите од другите два натпревари да им бидат во полза.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (мажи) Група 2 – 3.коло
15.30 СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА
18.00 ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА
20.30 НОРВЕШКА – ДАНСКА
ТАБЕЛА
1 ДАНСКА 6 бодови
2 ШВЕДСКА 4
3 ПОРТУГАЛИЈА 4
4 СЛОВЕНИЈА 2
5 НОРВЕШКА 0
6 ХОЛАНДИЈА 0