Младата репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години денеска ќе го одигра последниот натпревар од првиот круг квалификациите за Европскиот шампионат.

На еден од петте квалификациски турнири што се одржува во Струмица, македонскиот јуниори попладнево ќе играат против врсниците од Турција.

Ова е меч за третото место во поредокот, откако двете селекции завршија како второ рангирани во своите групи.

За првото место ќе се борат јуниорите на Романија и Грција.

Овие четири селекции обезбедија пласман во втората фаза од квалификациите која ќе се игра пролетва.

Настапот во нив пак со денешниот меѓусебен дуел ќе го завршат одбојкарите на Србија и Косово кои ќе играат за 5.место на турнирот во Струмица.

Натпревари за пласман  (денеска)
15:00  за пласман 5 место  СРБИЈА – КОСОВО
17:30  за пласман 3 место  МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
20:00  за пласман 1 место  РОМАНИЈА – ГРЦИЈА

Натпреварите ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.