Познати се првите три тенисерки што обезбедија пласман во четвртфиналето на Австралија опен.

актуелната шампионка во Мелбурн Арина Сабаленка, Американката, Коко Гоф и Украинката, Марта Костјук се во ТОП-8.

По елиминацијата на Ига Швјотек, Белорусинката, Сабаленка сега е топ фаворит за трофејот. Таа до место во четвртфиналето стигна со убедливата победа на Американката со руско потекло Аманда Анисимова со 2:0 во сетови.

На Сабалека и беа потребни 66 минути да ја совлада противничката на која ви првиот сет и дозволи да освои три, а втовториот само еден гел (6-3 и 6-1).

А, шампионката од УС опен, Американката, Гоф на теренот помина минута помалку во мечот со Магдален Фрелч од Полска која ја победи со 6-1 и 6-2.

И нејзината противничка во четвртфиналето, Украинката, Марта Костјук со ист резултат ја доби Русинката, Мариа Тимофеева. Но, во првиот сек Украинката загуби два, а во вториот еден гем (6-2 и 6-1).