Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ експресно ја мина четвртата рунда на Австралија опен и се пласира во четвртфиналето.
Бранителот на трофејот од лани и прв фаворит годинава во Мелбурн, за само 106 минути го доби мечот со Адријан Манарино во три сета (3:0)
Французинот кој е 19-ти на АТП листата немаше шанси за изненадување. Ѓокович во првите два сета не му препушти ниту еден гем, (6-0, 6-0). Во третиот Манарино одигра за нијанса подобро па успеа да освои три гема (6-3).
Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде победникот од мечот мреѓу Американецот, Тејлот Фриц и Гркот, Стефанос Циципас.
Покрај овој меч се игра и дуелот меѓу 5-носител, Италијанецот, Јаник Синер и Русинот, Карен Кахчанов.