Големо изненадување се случи во Мелбурн, каде се одржува првиот Гренд слем, Австралија опен.
Имено, најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек го заврши својот настап. Полската тенисерка е елиминирана во 3.коло од 19 годишната Линда Носкова од Чешка.
Иако Швјонтек го доби првиот сет со 6-3, сепак во продолжението ги загуби следните два.
Носкова одигра одличен вториот сет кој го доби со 6-3, а во решавачкиот чешката тенисерка славеше со 6-4, за конечни 2:1 во сетови.