На Европското првенство за ракометари во Германија денеска дуели од 2.коло во четвртфиналната група 1.

Имајќи ја во предвид табелата три исклучително важи натпревари ќе се играат денеска.

Во првиот, олимпискиот шампион Франција со победа над Исланд ќе направи голем исчекор кон едно од двете места што водат во полуфиналето.

Доколку сакаат да останат во игра за полуфинале, Хрватите мораат ја ја победат Унгарија која „киксна“ на претходниот меч со Австрија.

Австријците пак ќе се обидат да ги продолжат изненадувањата. Но, вечерва ќе имаат тешка задача во дуелот со домаќинот Германија селекција за која овој меч е „да се биде или не“.

ЕП (мажи) Група 1 – 2.коло (Ланксес Арена) Келн
15.30 ФРАНЦИЈА – ИСЛАНД
18.00 УНГАРИЈА – ХРВАТСКА
20.30 ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА

ТАБЕЛА
1 ФРАНЦИЈА 4 бодови
2 АВСТРИЈА 3
3 УНГАРИЈА 2
4 ГЕРМАНИЈА 2
5 ХРВАТСКА 1
6 ИСЛАНД 0