Олимпискиот шампион Франција со победа стартуваше во четвртфиналната група 1 на Европското првенство во Германија.
Во вториот натпревар од воведното коло во групата 1 во Келн, Франција ја победи Хрватска со 34-32.
Освен во воведните 10 минути од натпреварот кога Хрватска беше подобра, Триколорите останатото време постојано беа во водство. На полувремето сепак се замина со израмнети 18-18.
И во вториот дел иста слика. Франција го контролираше резултатот, голманот Кузмановиќ ги одржуваше Хрватите во игра. Сепак, немаа сили за комплетен пресврт, па Французите заслужено се радуваа на победа.
Со оваа победа и вкупно 4 бодови, Франција се враќа на првото место на табелата пред Австрија со 3, Унгарија со 2 и Хрватска со 1.
По нив следуваат Гермаија и Исланд кои оваа фаза ја започнуваат од нула (0).