Ракометарите на Австрија играат брилијантно на Европското првенство во Германија.

Откако во првата фаза одиграа нерешено со Хрватска, а потоа и Шпанија која ја елиминираа, денеска Австријците се радуваа на победа.

Во интересен дуел од 1.коло на групата 1, во Келн, Австријците приредија ново изненадување совладувајќи ја Унгарија со 30-29.

Јунак на Австријците беше Билик кој во завршните секунди го постигна голот за победа. Сега Австрија избива на 1.место на табелата со 3 бода, пред Унгарија и Франција кои имаат по 2. Триколорите попладнево (18 часот) ќе играат против Хрватска.

во вечерниот термин (20.30 ч) ќе се сретнат Германија и Исланд кои немаат бодови во оваа група.