Со двата натпревари одиграни вечерва комплетирано е 1.коло на Европското првенство во Германија.
Во Мајнхајм, сите и ја даваа улогата фаворит на Шпанија во дуелот со Хрватска. Сепак. Хрватите не мислеа така, па на ја демолираа „црвената фурија“.
Коцкестите знаеја што сакаат од самиот почеток и од минута во минута ја зголемуваат предноста за на крајот да слават со 10 разлика 39-29.
А, фаворитската улога, но едвај ја оправдаа Унгарците. Тие во мечот во Минхен во рамките на А групата ја победија Црна Гора со 26-24.
Иако речиси во текот на целиот меч Унгарците имаа водство сепак тоа беше јалово и не поголемо од три разлика. Црна Гора се покажа како тврд противник, но недоволно да освои барем бод.
Имајќи во во предвид нерешениот исход меѓу Исланд и Србија, во оваа група се навестува неизвесност за двете позиции што водат во главната рунда.