Кошаркарите на Партизан одиграа неверојатен натпревар со очајно прво и фантастично второ полувреме.

На дуелот од 21.коло во Евролигата во Белград, Партизан и го совлада Макаби со 88-79.

Гостите од Тел Авив одиграа одлично во првиот дел имаа и највисоки 24 разлика, но не доволно да се радуваат на триумф.

Во третиот период Партизан стигна до израмнување 67-67, а во последниот и до комплетен пресврт.

Партизан ја прекина низата од два пораза, а со 11-тата победа е на делба од 7 до 10 место на табелата. Макаби е шести со една победа повеќе.