Најнеизвесниот натпревар од синоќешната богата понуда во НБА лигата го одиграа Милвоки и ЛА Лејкерс. Победникот беше решен во самата завршница, а на триумф се радуваше домашниот тим со 106-105.
Јанис Антетокумпо по шести пат во својата кариера ја минува границата од 50 поени. Гркот средбата ја заврши со дабл-дабл со 54 поени и 19 скокови. Но, неговата грешка на 15 секунди пред крајот можеше скапо да го ини тимот на „Бакси“. Шансата за победа на гостите ја пропуши нивниот најдобар играч Каваи Ленард кој остана на 17-те поени и 11-скокови па „Клиперси“ го претрпеа 26-от пораз сезонава.
Тоа го искористи Далас, кој пред своите симпатизери, одново предводен од Лука Дончиќ со неговите 31 поен и 8 скокови, го совлада Њу Орлеанс со 111-106, па сега Далас е четврти, а Клиперси се шести на западот.
Водечкиот тим во оваа конференција, Денвер стигна до нова победа. Џемајл Мареј со 32 поени и Никола Јокиж со трипл-дабл со 22 поени, 16 асистенции и 14 скокови ги предводеа „Нагетси“ до триумф во дуелот со шампионот Голден Стејт со 134-117, меч во кој кај гостите Стеф Кари постигна 28 поени.
Затоа пак второ пласираниот состав на Мемфис претрпе пораз и тоа на гостувањето кај Кливленд со 128-113. Дариус Гарланд со 32 поени беше најефикасниот на натпреварот, додека Дезмонд Бејн постигна 25, а Џа Морант 24 поени во поразената екипа.
Леброн Џејмс по повредата се врати во составот на ЛА Лејкерс, па „Езерџиите“ им се вратија и на победите. Тие славеа триумф на гости кај Индијана со 112-111, пред се благодарение на дабл-дабл ефектот на Ентони Дејвис со 31 поени и 14 скокови, односно Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со 26 поени, а имаше и по 7 скокови и асистенции.