Македонскиот фудбал годинава прославуваа 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Тој повод вчера и денеска во Скопје, во организација на УЕФА и ФФМ се одржува меѓународна работилница поврзана со УЕФА клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.

На истиот беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.

На работилницата беше презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.

На покана на ФФМ, беше направена и презентација од страна на ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за нивната работа со млади категории и стратегијата за општествена одговорност. Имено, ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.