Во исклучително тврд и неизвесен натпревар, Јувентус со минулани 1-0 го победи Лацио и се пласираше во полуфиналето на Копа Италија.

Стрелец на победничкиот гол за Јувентус беше дефанзивецот Бремер, кој го искористи доброто додавање на својот соиграч, Костиќ и го матираше чуварот на мрежата на Лацио, Максимиано. Резултато остана непроменет до крај а тоа значење дека во полуфиналето ќе гледаме Дерби на Италија, помеѓу Интер и Јувентус.

Старата Дама ги живее најлошите денови уште од времето на Калчополи, па неизвесна е нивната ситуација во Серија А, откако денес Газета Дело Спорт објави дека на гигантот од Торино му се заканува нова суспензија од 20 бода, казна која ќе го однесе Јувентус во амбисот. И покрај тоа, Јувентус и понатаму е во игра за трофеј и излез во Европа.