Сениорите се првите од трите машки селекции на Македонија кои ќе настапат на Европските ракометни шампионати.
Имено, покрај нив уште две млади машки селекции ќе играат на континенталните првенства.
Репрезентацијата на Македонија за ракометари до 18 години, избори учество на кадетскиот шампионат што летово ќе се одржи во Црна Гора.
Македонските надежи завршија како второ рангирани во квалификациската група чии натпревари се играа во Скопје.
Во дуелот од последното, третото коло, Македонија убедливо го победи Косово со 30-22.
Македонските кадети лошо го отворија натпреварот и има негатива од два гола. Сепак на средината од првиот дел ја презедоа играта во свои раце и го свртеа резултатот. Триумфот го најавија уште во првиот дел кој го добија со четири разлика (15-11), а на крајот славеа со убедливо осум голови разлика.
Така Македонија со една победа над Словачка и Пораз од Швајцарија заврши како второ рангирана и обезбеди учество на ЕП.
На континенталното првенство, но за играчи до 20 години во Словенија, ќе настапи младинската селекцијата.
По двете стартни победи во квалификациите и сениорската женска репрезентација на Македонија е на добар пат да го стори тоа.
Така Македонија во 2024-та би имала четири репрезентации со настап на континенталниот шампионат.