Мануел Фелер беше најбрз на слаломот во швајцарскиот ски-центар Аделбоден.

До својата само четврта победа во кариерата Австриецот стигна во вкупно време 1:52.62, минути.

Тоа беше за само 2 стотинки побрзо од Норвежанецот, Мекграт, а за 23 побрзо од сонародникот Доминик Ришнер кој заврши како трет.

Со новите бодови Фелер ја презеде лидерската позиција во генералниот поредок во слалом од Марко Шварц

Во севкупниот поредок лидер останува Марко Одермат пред Шварц и Килде, додека Фелер сега изби на петтото место.