Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа недела има пад на ВТА ранг листата во поединечна конкуренција.
Таа се наоѓа на 212.то место со 357 поени, или 15 места послаб ранг од претходната недела.
Ѓорческа има и пад од пет позиции во конкуренција на двојки каде со 226 поени се наоѓа на 365.то место.
Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА листата е Магдалена Стоилковска.
Таа се наоѓа на 1263.то место со 7 поени, или скок од две места.
Стоилковска оваа недела ја очекува нов настап на фјучрс турнир во Парм Ел Шеик за награден фонд од 15.000 долари.