Македонскиот вицепрвак Алкалоид денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од дебитантската сезона на евро-сцената.
Избраниците на Кирил Лазаров во Нови Сад и гостуваат на Војводина во меч од 5.коло на Европската лига.
Улогата на фаворит, но и резултатскиот притисок се на страната на домашниот клуб. Војводина мора да освои минимум бод од дуелот со Алкалоид за да го верификува пласманот во следната фаза. Во спротивно, разврската ќе биде префрлена во последното коло.
Алкалоид пак нема резултатски притисок, освен да се надигрува и да потврди дека е екипа на која посериозно ќе мора да смета ракометна Европа во иднина.
Потсетување дека токму против Војводина, тимот на алкалоид го имаше своето деби на евро-сцената. Српскиот шампион го доби натпреварот во Скопје со пет голови разлика.
Натпреварот меѓу Војводина и Алкалоид ќе почне во терминот од 18:45 часот. Во вториот меч од оваа група (20.45 часот) ќе играат Ла Ријоха и Силкеборг.