Македонскиот вицепрвак Алкалоид со пораз го започна своето деби на европската сцена.

Во првиот натпревар од Ц групата на Европската лига, одигран во Скопје, Алкалоид загуби од Војводина 26-31.

Од самиот почеток Војводина која ја имаше фаворитската улога ја презеде контролата на резултат. Веќе во 18.минута гостите имаа и двојна предност (10-5). Со три врзани гола, Алкалоид на полувреме замина со -2 (13-15).

По девет минути игра во вториот дел нашиот вицепрвак стигна и до гол негатива (18-19). Но, исклучувањата од 2.минути гостинскиот тим ги казни. Направија серија од 6-1 и во 51.минута ја создадоа најголемата предност +7 (26-19 и 27-20).

Не ги поколеба тоа избраниците на Лазаров кои возвратија со 5-0 и намалија на два разлика (25-27). Но нема сили „фармацевтите“ од Автокоманда па Војводина заслужено ги прокнижи бодовите.

Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Иван Џонов со 8, додека Марко Митев и Арно Бинго додадоа по 5. Кај победничката екипа Виркапиќ со постигна 8 гола.

Во следното коло, (вторник – 24 октомври), Алкалоид ќе гостува во Шпанија кај Ла Ријоха која денеска беше декласирана од Силкеборг со 34-25.

Ивона Кимовска