Настап на меѓународна сцена, односно во регионалната АБА2 кошаркарска лига денеска имаат МЗТ Скопје Аеродром.
Македонскиот првак, во Златибор, ќе го одигра четвртиот свој натпревар.
Поразот пред два дена од словенечкиот Хелиос Санс, ќе треба да биде надминат во дуелот со Сутјеска.
МЗТ кој има амбиции за враќање во прволигашката АБА конкуренција ќе мора да го докаже тоа и да оствари победа против црногорската екипа.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Сутјеска е првиот од денешната програма, а ќе почне од 15 часот.
А, утре во попладневниот термин од 18 часот, ќе се игра второто македонско дерби меѓу Пелистер и ТФТ.
На турнирот во Златибор двата тима веќе одиграа по еден натпревар. Пелистер беше совладан од Војводина , а ТФТ ја победи Цедевита јуниор.