Младата репрезентацијата на Македонија до 21 година, денеска ги продолжува натпреварите во квалификациите за ЕП 2025 година во Словачка.

Македонските младинци кои се во силна конкуренција, денеска го одиграа четвртиот натпревар.

На теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Македонија е домаќин на Грузија во натпревар од „Ц“ групата.

По неочекуваниот пораз од Молдавија на гостински терен (1-2), избраниците на селекторот Драган Канатларовски денеска мора да победат.

Само со триумф над Грузијците, црвено-жолтите остануваат во игра за втората позиција.

Имено водечката Холандија досега собра максимални 12 бодови и е тешко достижна.

Затоа пак Шведска и Грузија кои се на 2-то и 3.место имаат само четири бодови повеќе од Македонија која е петто пласирана.

Пред нашата е и Молдавија со бод повеќе, а Гибралтар е последен без освоен бод и со четири порази во исто толку одиграни натпревари.

Натпреварот Македонија – Грузија ќе започне во 13 часот.