Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го почна настапот на Челинџер 75 турнирот во јапонскиот град Кобе.

Тој во првото квалификациско коло со 2-1 во сетови (6-7, 6-2 и 6-2) го победи домашниот тенисер Риуки Мацуда.

За влез на главниот турнир Ивановски ноќеска (во 2 часот и 30 минути по полноќ), ќе игра против уште еден домашен тенисер.

Џејмс Кент Тротер ќе биде негов противник откако во прават рунда забележа победа со 2-0 против Колин Синклер.

Турнирот се игра за награден фонд од 80.000 долари.