Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, победи на Големата награда на Малезија, 18-та трка од Мото ГП шампионат.

Италијанецот славеше откако водеше од почеток до крај за да ја забележа својата прва победа сезонава.

Зад него трката ја заврши вчерашниот саботниот во победник на спринтот, Алекс Маркез , кој заостана околу секунда и половина

Голема битка се водеше за третото место, до кое стигна актуелниот шампион Франческо Бањаја. Неговиот конкурент за титулата Хорхе Мартин заврши како пети рангиран.

Така на две трки до крајот на сезоната Бањаја има 14 бодови повеќе во однос на Мартин.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози веќе следниот викенд за Големата награда на Катар.