Репрезентацијата на Србија е следниот противник на македонската женска кошаркарска репрезентација во квалификациите за ЕП 2025-та. 

Ова е натпревар од 2.коло во групата „Г“ во која се и селекциите на Украина и Португалија. 

Србинките важат за апсолутни фаворитки во оваа конкуренција. Тоа го потврдија и со убедливата победа над Украина во 1.коло со дури 42 поени разлика (82:40). 

„Очекувам еден многу тежок натпревар, бидејќи сите знаеме каква репрезентација е Србија и каде се рангирани во женската кошарка во светот. Тие се апсолутни фаворити и таа улога им ја препуштаме без никакво размислување и со голем респект кон нив. Но, тоа не значи дека ние ќе излеземе на терен исплашени, и без желба за докажување и играње против тие девојки. Ќе дадеме максимум да се покажеме во најдобро светло, и оставиме една слика која ќе ни биде мотив за сите идни заеднички собири и натпревари“, изјави една од најискусните македонски кошаркарки, Нена Трајчевска. 

Натпреварот меѓу Македонија и Србија ќе се игра во СРЦ „Кале“ од 18 часот, а влезот во салата е слободен. 

Истиот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).

Еден час порано, својот дуел од 2.коло ќе го играат Украина и Португалија. 

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА ЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА