Познати се полуфиналните двојки на завршниот ВТА Мастерс што се игра во Канкун, Мексико.
Ова откако се одиграа последните натпревари во Б група, по кои Ига Швјатек и Коко Гоф се изборија за првите две места.
Полската тенисерка Швјатек во два сета убедливо со 6:1 и 6:2 ја победи Онс Џабер и го обезбеди првото место.
Коко Гоф и Маркета Вондрушова играа меч во три сета, а подобра беше Американката со 2-1.
Така во полуфиналната рунда ќе гледаме дуел на двете Американки. Џесика Пегула која нема загубено сет на овој турнир ќе игра против Гоф во мечот од 23 часот.
Во второто полуфинале (00:30 ч.) ќе се судрат двете најдобро рангирани на ВТА листата, Арина Сабаленка и Ига Швјатек.