Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Хераклион, Грција.

Најдобрата македонска тенисерка во 2.коло на овој турнир беше убедлива во двата сета со Италијанката, Софија Рокети

Во првиот сет Ѓорческа на противничката и препушти три, а во вториот само еден гем. Лина го доби мечот со 6-3 и 6-1.

Утре, тетовката во четвртфиналето ќе игра против Сиња Краус од Австрија која ја има улогата на шеста носителка на овој турнир.