Во женската одбојкарска Прва лига се одиграа натпреварите до 3-тото коло. Двата дерби дуели им припаднаа на струмичките екипи.

Во првиот во Скопје, екипата на Наковски волеј му го нанесе вториот пораз на шампионот Работнички. Сао еден сет им препуштија гостинките на шампионките и тоа третиот (25:13), за на крај Наковси волеј да слави со убедливи 3-1 во сетови.

Многу понеизвесен беше мечот меѓу Струмица и Јанта волеј во кој беа одиграни максимални пет сета.

Иако гостинките од Скопје го добија првиот сет (21:25), следните два им припаднаа на струмичанки (25:16, 25:19). По голема борба, Јанта волеј се врати во игра добивајќи го четвртиот сет (23:25), за израмнување на 2-2. Но, домаќинките не им дозволија на противничките да направат комплетен пресврт, па Струмица го доби решавачкиот сет со 15:7, а мечот со 3-2.

До првите свои победи сезонава стигнаа екипите на Младост УГД и Вардар ЕМ, откако беа подобри од Фит Фан волеј и Вардар жени.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 3.КОЛО
СТРУМИЦА ЖЕНИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3-2
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 1-3
МЛАДОСТ УГД – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3-2
ВАРДАР ЖЕНИ – ВАРДАР ЕМ 1-3

Табела: Наковски волеј 3-0, Струмица жени 3-0, Јанта волеј 2-1, Работнички Скопје 1-2, Фит фан волеј 1-2, Младост УГД 1-2, Вардар ЕМ 1-2, Вардар жени 0-3.