Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го има најдобриот свој ранг.
На денеска објавената АТП листа Ивановски се наоѓа на 305.то место со 176 поени и скок за три места. Во конкуренција на двојки Калин е на 644.место и има пад за 16 позиции бидејќи има 75 поени (четири помалку од претходната недела).
Ивановски денеска од 10 часот го игра финалето на квалификациите на Челинџерот 75 во Бергамо. Противник му е Михаил Кукушкин од Казакстан, кој се наоѓа на 213-то место. Победникот од мечот ќе се пласира на главниот турнир.
Другите македонски тенисери се со мали промени на АТП листата.
Горазд Србљак е на 1062.то место (скок од четири позиции), додека Обрад Марковски е на 1477.место (пад за три места).
Во конкуренција на двојки Берг Бугариќ е рангиран на 1359.то место што е подобро за две позиции. Обрад Марковски е 1477.место со 13 поени и има напредок за осум места, додека Елдин Хусеиновиќ со три поени е на 2120.то место и скок од пет места.