Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во Бергамо ( награден фонд 73.000 евра).

Тој во 1.коло од квалификациите го победи Италијанецот, Алесио Балестиери со 2-0 во сетови (62 61) за 48 минути игра.

Македонскиот тенисер ја потврди фаворитската улога против 16-годишниот ривал, успевајќи да „запише“ 10 аса, а притоа направи и пет брејка во двата сета.

Противникот водство имаше само од 1:0 во секој од сетовите.

Во првиот сет, Ивановски направи три брејка за водство до 4:1, а а потоа и 5:1. Сетот го заврши со 6:2.

Во вториот сет. Ивановски имаше три брејка во третиот, петтиот и седмиот гем и сетот го доби со 6:1, искористувајќи ја првата меч топка.

Утре во финалното коло од квалификациите Калин ќе игра против искусниот Михаил Кукушкин од Казакстан, кој денеска го победи Италијанецот, Федерико Арнаболди со 2-0.

Кукушкин има 35 години и се наоѓа на 211 место, а најдобриот ранг го имал -39.место во февруари 2019 година.