Шпанецот Хорхе Мартин го комплетираше совршениот викенд во Тајланд на патеката Чанг.

Ја освои пол-позицијата, славеше во спринтот и победи на денешната трка и со тоа ја намали предноста на Бањаја во поредокот кај возачите.

Мартин стигна до петатта победа во кариерата, а четвртта во сезоната со тимот на Прамак Дукати, пред лидерот Бањаја од Дукати и Бред Биндер од КТМ кој заврши трет.

Најдобрата 10-ка ја заокружуваат, Безеки, Алеиш Еспаргаро, Квартараро, Марк Маркез, Лука Марини, Гиантонио и Зарко.

Со новите освоени бодови, Мартин сега му се приближи на Бањаја во генералниот пласман.

Па така сега разликата е 13 бодови. Бањаја е лидер со 389 бодови, Мартин има 376, додека Безеки е трет со 310 поени.

Четвртти е Бред Биндер од КТМ со 249 бода.

Борбата за титулата не е завршена, а до крајот на сезоната остануваат уште три трки.

Првата на програмата е за две недели на 12-ти ноември на патеката Сепанг за ГН на Малезија.