Шампонот Вардар ја оправда фаворитската улога во дуелот со последно пласираниот Арсими и славеше триумф на гостински терен. Во натпреварот од 15 коло во Првата лига, вардарци го совладаа Арсими со 0-1.
Oд самиот почеток гостите од Скопје тргнаа офанзивно кон голот на Арсими. Матиќ во 15. минута ја затресе мрежата, но голот не беше признат поради офсајд. Потоа се закани и Закариќ, но домашниот голман Сиљановски одлично интервенираше. Конечно во 18. минута доминацијата вардарци ја круниса со голот на Николов за водство од 0-1. Иако скопјани се обидуваа да ја двојат предноста, сепак резултатот по првите 45 ,минути остана не променет, 0-1 за Вардар.
Во вториот дел се играше уште поактивно. Домаќините се обидуваа да ја анулираат негативата, а вардарци да ја удвојат предноста. Лизгавиот терен придонесе за бројни опасни стартови. По еден таков во 68.минута Арсими остана со играч помалку откако капитенот Рамадани заработи црвен картон.
И во таква ситуација домашниот состав на Арсими се обидуваше да стигне до погодок, а Вардар грчевито ја бранеше предноста и со повремени контри се обидуваше да го загрози противничкиот гол. Таква беше онаа на Данев, кога неговиот обид го скроти голманот Сиљановски.
немаше промена на резултатот до крајот на натпреварот па вардарци ја впишаа осмата првенствена победа.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































