Македонските ракометарки на турнир во Анкара ги започнуваат финалните контроли од подготовките пред настапот на претстојното Европско првенство 2026. На меѓународниот турнир во Турција нашите ракометарки ќе се одиграат три натпревари, а прв противник е Финска.

Настапот во главниот град на Турција нашите девојки ќе го заокружат в недела против домашната селекција од 16:45 часот. Претходно стручниот штаб ги собра повиканите ракометарки во Скопје, каде се одработи првата фаза од тренинзите пред патувањето.

Овие натпревари се главната проверка пред континенталниот собир, кој ќе се одржи од 3 до 20 декември во Чешка, Словачка, Романија, Турција и Полска. Македонија на Европското првенство 2026 ќе игра во групата „Б“ во романскиот град Клуж.

Во исклучително силна конкуренција, противници на нашата селекција ќе бидат домаќинот Романија, светскиот првак Норвешка и репрезентацијата на Швајцарија. Пласман во главната фаза од турнирот ќе обезбедат двете најдобро пласирани селекции од групата.

Денешниот натпревар меѓу Македонија и Финска започнува во 16:45 часот.