Вториот дерби дуел од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига се одигра попладнево во Кавадарци. Таму во дуелот меѓу второ и трето пласираните екипи на Тиквеш и тетовска Шкендија победа славеа гостите со 0-2.
Првиот дел мина во израмнета игра. Двата тима се обидуваа да го загрозат голот на противникот, но до промена на почетниот резултат не дојде.
Затоа на стартот на вториот дел беше досуден пенал за гостите од Тетово.
Се играше 47.минута кога по обидот Зејнулаи со лизгачки старт Вареловски се обиде да изблокира, но топката го закачи во раката. По прегледувањето на ВАР снимката судијата Бафто покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Красниќи (49) за водство на тетовци од 0-1.
Потврда на победата на тетовци донесе Мелиќи кој во 77. минута беше стрелец на вториот погодок за триумф на Шкендија со 0-2.
Со оваа победа, новите три бодови, а вкупно 31 тетовци сега се сами на втората позиција на табелата. Лидерот Струга Трим Лум кој загуби на гостувањето во Кратово кај Силекс има само бод повеќе. Тиквеш остана трет со 27 бодови, колку што има и Вардар кој попладнево го совлада Арсими.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































