Ракометарките на Вардар забележаа рутинска и убедлива победа на гостувањето во Штип кај Астибо.

Во натпреварот од првиот денешен натпревар од 6.коло на Супер лигата, Вардар го победи Астибо со 40-28.

Само во воведните 4.минути домаќинките беа рамноправни и заостануваа само еден гол се до 3-4. Потоа следуваше на вардарки од 7-0 за водство од 10-3, кое до крајот на полувремето изнесуваше 11 гола (23-12). Вториот дел црвено-црните рутински го одработија, за на крајот да слават со конечни 40-28.

Борјана Коцева постигна 8, Бојана Радевска, а Симона Василева додаде 6 голови за победничката екипа. Во домашниот состав, воедно и на натпреварот најефикасна беше Марија Анчева со 10 голови.

Со оваа победа ракометарките на Вардар сега се израмнија со Чаир на врвот на табелата. Двете екипи имаат по 16 бодови, еден повеќе од досега максималните Куманово и Ѓорче Петров кои вечерва ќе го играат меѓусебното дерби.

Во тек е дуелот меѓу екипата на Шампиони и Пелистер, а подоцна ќе се играат уште два натпревари.

Сите натпревари може да ги гледате овде. Одберете го (кликнете на) посакуваниот натпревар. 

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 6.КОЛО
недела
12:00 АСТИБО – ВАРДАР
12:30 ШАМПИОН – ПЕЛИСТЕР
14:00 СКОПЈЕ – СПАРТАК
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
20:00 КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
одиграно вчера (сабота)
ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА  24-39
ЧАИР СКОПЈЕ – ДЕСПИНА  40-22

ТАБЕЛА: Чаир 16 бодови, Вардар 16, Куманово 15, Ѓорче Петров 15, Стружанка 10, Металург Автокоманда 9…

Ивона Кимовска