Македонскиот вицепрвак Алкалоид своето деби на европската сцена ќе го има за осум дена.

Алкалоид кој ќе нé претставува во ЕХФ Европската лига, на 17 октомври ќе го игра поривот меч. Во Скопје, гостува српскиот шампион и минатогодишен победник во ЕХФ Купот, екипа Војводина.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во вечерниот терми од 20.45 часот.

Од тимот попладнево информираа дека картите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба, а може да се купат преку мрежата на „MKTickets“ (на следниот линк ОВДЕ) со симболична цена од 100 и 150 денари.

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ЗА НАСТАПОТ НА АЛКАЛОИД
ВО ЕХФ ЕВРОПСКАТА КИГА