Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 125 што се игра во Братислава.

Калин го совлада победникот на годинашново издание на „Macedonian Open“ Унгарецот Мате Валкуж со 2-0 во сетови (63 75). Турнирот се игра за награден фонд од 145.000 евра.

До триумфот Ивановски стигна благодарение на искористените брејк шанси во мечот 3/6 за разлика од ривалот, кој имаше 1/4. Питоа Ивановски имаше и 7 ас сервиси. Во вкупниот број поени “скорот“ беше 68:56 за македонскиот тенисер.

Во првиот сет по 3:2 за Ивановски направи брејк и за водство од 4:2. Првите сет и брејк топки Калин не ги искористи. Во следниот гем, без загубен поен македонскиот тенисер го доби сетот со 6:3 во гемови.

Во следниот сет Ивановски со брејк во петтиот гем поведе со 3:2. Во 11-тиот гем Ивановски направи уште еден брејк. Калин го доби сетот со 7:5 и мечот со 2-0.

Во првото коло од главниот турнир Ивановски ќе игра против искусниот Германец Петер Гојовчик (34 години, 392.место АТП). Германецот Гојовчик е победник на овој турнир во 2014 година.

Мечот се игра утре како втор од програмата на теренот број 3.