Екипата на Работнички со убедлив пораз, со 30 разлика, го започна својот настап во ФИБА Еврокупот.

Во натпревар од 1.коло на „А“ групата Работнички надигран, пред се натскокан, од романскиот Рапид Букурешт.

Иако играа во СЦ „Кале“ каде ја имаа поддршката од домашната публика, избраниците на Мираковски одиграа очајно особено под обрачите.

Во првата четвртина се играше израмнети, а за нијанса (еден поен) подобар беше романскиот тим (21-20). И во вториот период, гостите беа подобри, го добија со три разлика и на полувреме заминаа со +4 (45-41).

Лошо одигра Работнички и во третиот период, па противникот во последниот влезе со двоцифрена предност (55-66). Таквата предност романскиот тим знаеше како да ја искористи и зголеми и на крајот да слави со конечни 57-87. 

Бадијала беа по 15-те поени на Џелетовиќ и Трајс, кога битката под обрачите апсолутно му припадна на противникот.

Шанса за поправен, Работнички ќе бара утревечер во дуелот со Сабах, кој денеска славеше против Донар Гронинген.

ФИБА ЕВРОКУП – А група (Скопје)
понеделник (2 октомври)
Донар Гронинген – Сабах 72-75
Работнички – Рапид Букурешт 57-87
вторник (3 октомври)
17.30 Рапид Букурешт – Донар Гронинген
20.30 Работнички – Сабах
четврток (5 октомври)
17.30 Рапид Букурешт – Сабах
20.30 Работнички – Донар Гронинген