Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е победничка на фучерс турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Таа во финалето на турнирот, што се играше за награден фонд од 40.000 долари, во два сета ја победи Антонија Ружиќ.

До својот прв трофеј годинава, Ѓорческа стигна препуштајќи и на Хрватката по три гема во двата сета (6-3 и 6-3).

За Лина ова е вкупно 13-.та титула во сингл конкуренција, а на последната се радуваше лани во ноември во Грција.

Тетовката годинава ги загуби финалињата во Талин, Осиек и Куршумлијска Бања.