Во Првата машка кошаркарска лига, денеска ќе се петтиот од шесте натпревари од премиерното коло во новата сезона.  

Дуелот во Гостивар ќе привлече поголемо внимание. Во него истоимената домашна екипа за противник ќе го има битолски Пелистер. 

Ривалството на овие два тима е добро познато, како атмосферата во гостиварската сала.

Како и сезони наназад, амбициите на тимовите се највисок пласман и борба за трофеите.

Гостиварци сезонава ќе ги предводи младиот тренер Никола Димитриевски, кој повторно ја доби можноста од раководството на клубот. 

„Очекувањата ми се големи, поради тоа што секогаш сакам да очекувам најдобро и да се надевам на истото дека можеме и умееме , секако задоволен би бил доколку го покажеме нашиот потенцијал во најдобро светло и владее добар позитивен дух во екипата.

Ќе се потрудиме да ги искажеме нашите силни страни , а нашите послаби да ги искомпензираме како што најдобро умееме.

Денешниот натпревар ќе биде доста тежок, но не и невозможен. Најважно ми е денес да се покажеме во најдобро светло, ние како домаќини и воедно како екипа независно од крајниот резултат“,

изјави за СПОРТ+, тренерот на гостиварци, Димитриевски.

Како ќе изгледа тоа на теренот, ќе видиме на натпреварот што ќе почне од 18 часот.

Натпреваорт можете да го следите во ЖИВО НА ЛИНКОТ ПОДОЛУ .

ПРВА ЛИГА (мажи) – 1.КОЛО
недела
18.00 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
среда
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ЕУРО НИКЕЛ
одиграно вчера (сабота)
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А. 64-86
ВАРДАР – ОХРИД 90-83
одиграно во средата
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 73-56
ЧАИР – ФЕНИКС 93-72

СЛЕДИ ВО ЖИВО