Калин Ивановски (3 носител) не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Сетубал, Португалија.

Тој денеска загуби од домашниот тенисер Хаиме Фарла со 2-0 во сетови (64 64) за 1 час и 31 минута. Ивановски за пласманот во четвртфиналето освои три поени.

Првиот сет беше решен веќе во првиот гем кога португалскиот тенисер направи брејк за водство од 1:0. Ивановски имаше можност за изедначување во четвртиот гем кога не реализраше пет брејк топки и противникот поведе со 3:1 и предноста ја сочува до крајот. Сетот заврши со 6:4.

Во вториот сет текот беше поинаков. Фарла направи брејк во третиот гем за водство од 2:1, а потоа и во седмиот гем за предност од 5:2. Македонскиот тенисер ја врати неизвесноста со брејкот за 5:3, а потоа намали на 5:4, но не успеа да направи целосен пресврт и сетот заврши со 6:4 за протугалскиот тенисер.

Ивановски следната недела е пријавен за настап на фјучрс турнир во Монастир, Тунис каде треба да биде прв носител.