Македонските репрезентативни голмани Никола Митревски и Марко Кизиќ се во изборот на ЕХФ, на ТОП 5-те одбрани.

Во натпреварите од 2.коло на Лигата на шампионите, двајцата имаа по неколку извонредни одбрани за своите екипи. 

Митревски беше најзаслужен за пресврт победата на Порти во дуелот со Загреб. 

Кизиќ во вториот дел против Алборг покажа дека заслужува поголема минутажа во дресот на Еурофарм Пелистер.